• Иван Димовски

Фудбалските тимови ширум Европа го користат празниот период за одржување на формата за време на Светското првенство. Токму од таков карактер беше и натпреварот меѓу Фенербахче и Рајо Ваљекано во Истанбул, кој заврши со славје по пресврт на домаќинот (3-1).
Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски остана на клупата на сметка на ветеранот Диего Лопез, а во вториот дел шанса доби младиот Моро. Од друга страна, Езѓан Алиоски беше стартер за Фенер и го одигра првото полувреме.
Натпреварот тргна со водечки погодок за шпанската екипа, откако по 22. минути игра погоди Оскар Трехо за 0-1, резултат кој беше активен на полувермето. Во вториот дел се влезе со многу измени, а тренерите потоа ги сменија практично целите стартни состави.
Израмнувачкиот погодок беше дело на Осаји Самуел од белата точка во 71. минута. Џошуа Кинг пет минути подоцна го комплетира пресвртот, за Кадиоглу да ги постави конечните 3-1 на овој пријателски натпревар.