ВИДЕО: Столе не можеше да го спаси Рајо од „потопот“ кај разиграната Џирона

Џирона продолжува со одличните игри во Примера и славеше убедлив триумф над Рајо Ваљекано на нашиот Столе Димитриевски со конечни 3-0. Домашните играчи ја имаа фаворитската улога на натпреварот од 26. коло, но победата ја осигураа во самиот финиш и донесоа голема радост за своите навивачи. 

  • Извештај од натпреварот:

Хитот во шпанскиот елитен фудбал започна во свој стил и наметна силен офанзивен пристап во првото полувреме, но гостинската одбрана беше на солидно ниво, а нашиот Димитриевски имаше две успешни интервенции. На паузата меѓу двете полувремиња останаа почетните 0-0. 

Џирона реши бргу да го отвори резултатот и навистина делуваше како далеку покомпактен тим, а наградата пристигна по само седум минути игра во второто полувреме. Украинецот Виктор Циганков го постигна петтиот сезонски погодок и донесе водство од 1-0, а точката на триумфот дојде дури во судиското надополнување. Домашните играчи упатија девет удари во рамките на голот, Димитриевски го спасуваше Рајо колку што можеше, но на крајот капитулираше уште двапати при двата гола на Савио. 

Бразилскиот напаѓач стрелаше во 91. и 95. минута и ги постави конечните 3-0, за огромна радост меѓу домашната публика. Џирона се враќа на втората позиција во Примера и сега има 59 бода, шест помалку од лидерот Реал Мадрид, а во следното коло ќе гостува кај Мајорка. 

Состави

Michel

4-2-3-1

    Иниго Перез

    4-1-4-1