ВИДЕО: Столе како „мачка“, ја спаси Валенсија со бравурозна одбрана!

Столе Димитриевски е во одлична форма и повторно ја спасува својата Валенсија на гостувањето кај Леванте во шпанската Примера. 

Репрезентативната „единица“ на маестрален начин успеа да го скроти ударот на домашниот тим, спречувајќи водство на Леванте рано во првото полувреме. 

Димитриевски се најде меѓу стативите на „лилјаците“ осми пат во низа, откако се повреди првиот голман, Хулен Агирезабала.