ВИДЕО: Столе ја сочува мрежата, Рајо носи „златни“ бодови од Ваљадолид!

Екипата на Рајо Ваљекано по пауза од три кола им се врати на победите во Примера. Во првиот денешен натпревар од 17. коло во шпанскиот шампионат малиот клуб од Мадрид забележа голем триумф на гостувањето кај Ваљадолид, а нашиот голман Столе Димитриевски одново ја сочува мрежата незатресена (0-1).

Стрелец на единствениот погодок на натпреварот беше искусниот Иси Палазон во 65. минута, а истиот фудбалер во првиот дел пропушти шанса порано да го донесе својот тим во водството, откако не реализира удар од единаесет метри.

Со денешните три бода Рајо Ваљекано се доближи до местата кои носат европски натпревари, додека Ваљадолид со четирите порази во низа чекори кон опасната зона. 

  • Извештај од натпреварот:

Во следното коло Столе ќе го чува својот тим против Реал Сосиедад, а Ваљадолид е пред нов тежок натпревар, бидејќи гостува кај Атлетико Мадрид.