• Горан Упале
Екипите на Валенсија и Алавес одиграа неверојатен натпревар на „Местаља“, затоа што домаќинот во судиското надополнување анулираше негатива од еден гол и извојува херојска победа од 3-2 (1-0).
Нашиот репрезентативец Столе Димитриевски одново беше меѓу стативите на „лилјаците“, но овој пат не успеа да ја сочува својата мрежата незатресена. Но, на крај најважни се бодовите кои на Валенсија и тоа како ѝ беа потребни во битката за опстанок.
Македонската „единица“ првиот гол го прими по само три минути игра, откако Боје погоди за 0-1. Овој резултат беше активен до 47. минута, кога Гуера израмни на 1-1. Сепак, Боје со својот втор вечерашен погодок донесе нова гостинска радост.
Валенсија долго време го бараше вистинскиот пат до гостинската мрежа на тој го пронајде Комерт во 90. минута за 2-2. И кога се очекуваше крај на средбата и поделба на бодовите Валенсија доби најстрога казна и Хиго Дуро во 99 минута ги постави конечните 3-2 и донесе огромна радост на трибините.











