ВИДЕО: Столе и Рајо дома капитулираа со Бетис во првенството

Фудбалерите на Рајо Ваљекано го претрпеа петтиот сезонски пораз во Примера, откако на свој терен беа поразени од Бетис со 1-2 (1-2). Средбата од 16. коло на шпанското првенство понуди три погодоци во првото полувреме, од кои два беа во мрежата на македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски. 

Гостинската екипа во Ваљекас отвори со предност по само седум минути, откако Иван Балиу ја стресе сопствената мрежа со глава. Тој во обид да расчисти по корнер, ја погоди стативата и Димитриевски беше немоќен (0-1). 

Тоа како да го разбуди Рајо, бидејќи веднаш врза две шанси преку Серхио Камељо. Истиот фудбалер донесе израмнување по 20 минути игра, откако центаршутот на Лежеун не беше добро расчистен, па Камељо ја смести топката во мрежата за 1-1. До полувремето Бетис успеа да ја врати предноста преку Луис Енрике. Течеше 40. минута од мечот кога крилото по проигрување од Фекир погоди за 1-2. 

Бетис беше подобар во продолжението, имаше неколку добри шанси, а Димитриевски забележа и една одбрана по ударот на Енрике, додека се тресеше и рамката на домашниот гол. 

Состави

Андони Ираола

4-4-2

    Мануел Пелегрини

    4-2-3-1