• Иван Димовски

Екипата на Рајо Ваљекано запиша голема победа на тешкото гостување кај Севиља од 0-1 (0-0) во пресметката од 12. коло на шпанската Примера. Дуелот во Андалузија беше изедначен и со шанси пред двата гола, а Столе Димитриевски ја сочива својата мрежа и неговиот тим дојде до победата.
- Извештај од натпреварот:
Првото полувреме не понуди премногу возбудувања. Тренерите се одлучија за попретпазлив пристап, а најдобрата шанса ја имаше Камељо за Рајо, меѓутоа голманот Дмитровиќ одбрани. Во продолжението за гостите се закани и Унаи Лопез, исто така безуспешно. Пред голот на Столе имаше две сериозни шанси на стартот на второто полувреме. Првата ја имаше Рафа Мир кој излета во зицер позиција, ама Димитриевски успеа да го скроти неговиот удар и го сочува голот, а потоа имаше убава одбрана и по шут на Ламела.
- Зицерот кој го одбрани Столе кај Севиља:
Течеше 61. минута кога Рајо успеа да дојде до предност. Севиља лесно загуби топка во напад, Лопез испрати дијагонала до Алваро Гарсија, а овој одлично се снајде и стрела за 0-1. До крајот на мечот домаќинот се обиде да се врати, меѓутоа не успеа и запиша пораз.
По 12 одиграни натпревари Рајо се наоѓа на осмото место со 18 бода, додека Севиља котира ужасно на 16-тата позиција со десет.