• Горан Упале

Екипата на Реал Сосиедад ја продолжува својата серија победи во домашниот шампионат, откако во првиот денешен натпревар од 18. коло во Примера со сигурни 0-2 славеше на гостувањето кај Рајо Ваљекано.
Македонскиот чувар на мрежата, Столе Димитриевски повторно беше во стартниот состав на Рајо, но не успеа втор натпревар во низа да го сочува својот гол. Прашањето на победникот беше решено уште во првиот дел, откако гостинските фудбалери двапати го примораа нашиот голман да ја вади топката од мрежата.
Резултатот го отвори Александер Сорлот во 15. минута, додека конечните 0-2 ги постави Андер Баренечеа, на додавање на Елустондо.
- Извештај од натпреварот:
Во следното коло Столе и Рајо гостуваат кај Виљареал, додека третопласираниот Реал Сосиедад го чека дерби со Реал Мадрид. Претходно, тимот од Сан Себастијан силите ќе ги одмери со Барселона, во рамките од Купот на Кралот.