Столе доби соиграч од Ливерпул – најдобриот на последното младинско Европско првенство

Валенсија и Ливерпул постигнаа договор за едногодишна позајмица на Харви Елиот, кој ќе го носи дресот на шпанскиот клуб до крајот на сезоната 2026/27.

23-годишниот офанзивец пристигнува со сериозно искуство, а во Ливерпул досега одигра 149 официјални натпревари и освои голем број трофеи, меѓу кои две титули во Премиер лигата, два Лига купа, ФА Купот, Суперкупот на Европа и Светското клупско првенство.

Елиот кариерата ја започна во Фулам и стана најмладиот дебитант во историјата на Премиер лигата, со само 16 години. Има настапувано и на позајмица за Блекбурн и Астон Вила.

Особено впечатливи беа неговите настапи за младата репрезентација на Англија. Елиот беше европски шампион со У21 селекцијата во 2023 и 2025 година, а на последното првенство беше прогласен и за најдобар играч на турнирот.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.