• Саше Љолес
Екипата на Валенсија се избори за минимална победа на гостувањето кај Хетафе (0-1) во натпреварот кој се играше во рамки на дваесеттото коло на Примера.
Гостите ги обезбедија трите бода со голот на Хозе Гаја, кој биеше прецизно 84. минута и донесе огромна радост за своите навивачи. Нашиот Столе Димитриевски повторно беше меѓу стативите на „лилјаците“ и доби солидна оценка за неговиот настап - 7,3.
Репрезентативниот чувар на мрежата двапати одлично интервенираше и спречи негатива за неговиот тим, па може да се каже дека беше меѓу најзаслужните за победата.
Валенсија сега има 20 бодови и го зазема првото место над опасната зона, додека Хетафе има еден бод повеќе и се наоѓа две позиции погоре на првенствената табела.








