• Мартин Танасковски
Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски конечно ќе има клупска минутажа во дресот на Валенсија, во рамки на Купот на Кралот.
Димитриевски застанува од првата минута на голот на мечот против Марасена. „Лилјаците“ на овој дуел се апсолутни фаворити, а Столе пак има шанса да брани во Копа дел Реј по последниот настап пред осум и пол месеци.
Последниот меч на голманот во дресот на Валенсија беше на стартот на месец февруари, кога голманот бранеше против Барселона во Копа дел Реј.





