Столе Димитриевски останува во Валенсија, ќе добие и 500.000 евра!

Шпанскиот прволигаш Валенсија официјално ја активираше клаузулата за продолжување на договорот со македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски за дополнителни две сезони.

Со новиот договор, Димитриевски ќе остане член на клубот од „Местаља“ до јуни 2028 година. Искусниот чувар на мрежата пристигна во Валенсија во 2024 година, а досега има забележано 33 официјални настапи во дресот на шпанскиот клуб во Ла Лига и Купот на Кралот.

Од клубот истакнуваат дека неговото искуство, сигурност и стабилност меѓу стативите одиграле важна улога во подобрувањето на резултатите во вториот дел од минатата сезона. Димитриевски успеа да ја сочува мрежата недопрена на пет натпревари, а Валенсија ги доби сите тие средби против Хетафе, Леванте, Осасуна, Севилја и Атлетик Билбао.

Со ова продолжување на договорот, Валенсија ја обезбеди иднината на 32-годишниот македонски репрезентативец, кој и натаму ќе биде важен дел од тимот во наредните сезони.

Шпанските медиуми пишуваат дека со активирањето на клаузулата за продолжувањето на соработката на Димитриевски ќе му донесат дополнителни 500.000 евра. Исто така и неговиот договор од претходниот ќе биде финансиски подобрен.