ВИДЕО: Столе Димитриевски – МВП на колото во шпанска Примера!

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски е прогласен за МВП на колото во шпанска Примера, во изборот на официјалната страница на шпанското првенство.

Македонецот имаше фантастичен меч во дресот на Рајо Ваљекано и на својот тим му донесе значајна победа на гостувањето кај Ваљадолид (0-1). Димитриевски имаше шест фантастични одбрани на оваа средба, меѓу кои и еден одбранет пенал.

Димитриевски игра одлично во дресот на Рајо откако ја доби довербата од тренерот. Тимот на Македонецот се наоѓа на 19. место во Примера и конечно врза две победи по ред, со кои го врати оптимизмот за опстанок.