• Саше Љолес
Македонскиот голман Столе Димитриевски конечно ја дочека својата шанса и за првпат ќе настапи во Примера како играч на Валенсија, откако повреда доживеа првиот чувар на мрежата, Гиорги Мамардашвили.
Грузиецот е прв избор за почетниот состав, додека нашата „единица“ трпеливо го чека својот момент, па сега конечно ќе дебитира и во домашното првенство на натпреварот против Ваљадолид кој ќе се одигра на 13 декември во 21:00 часот.
Димитриевски сезонава запиша само два настапи во Купот на Кралот, а минатото лето пристигна во Валенсија после шестгодишниот престој во екипата на Рајо Ваљекано.