• Мартин Танасковски

Македонскиот голман Столе Димитриевски е мета на повеќе клубови од Шпанија, а оној за кој се пишува најсериозно е Виљареал, кој е најзагреан да го види голманот на Рајо Ваљекано во своите редови.
Кумановчанецот брани одлично за Рајо, а Виљареал гледа идеална опција како прв голман во Димитриевски. Но, само ако си замине Филип Јоргенсен, кој најавува такво нешто и трансфер во друга екипа.
Олеснителна околност за Виљареал е што ќе може да го договори Димитриевски уште во јануари, затоа што неговиот договор со Рајо истекува во јуни 2024 година.
Доколку не успее да го донесе Димитриевски, Виљареал ќе тргне по Андриј Лунин од Реал Мадрид кој е втора опција, додека третата поција е Ињаки Пена кој е втор голман во Барселона.