Столе: Десет години бев прв голман, сега ми е многу тешко во Валенсија!

Македонскиот голман Столе Димитриевски скоро една деценија беше незаменлив меѓу стативите во клубовите каде што настапуваше, но откако се пресели во Валенсија, остана без статусот на прв голман. 

Планот на „лилјаците“ беше Димитриевски да биде замената за Герги Мамардашвили, но грузискиот голман остана на „Местаља“ бидејќи потпиша договор со Ливерпул за од следното лето.

„Десет години по ред сум прв голман и затоа ситуацијата во Валенсија ми е тешка за да ја прифатам. Сега се наоѓам во положба да му помогнам на тимот на поинаков начин, бидејќи има многу млади играчи во соблекувалната. Целта е сите заедно да излеземе од кризата и да ги оствариме најдобрите резултати. 

Во фудбалот се случуваат многу чудни работи, ми се случиле и мене во минатото. Мамардашвили остана, но јас сум во клубот во кој сакав да бидам, сега напорно работам и ја чекам мојата шанса. Се надевам дека тренерот ќе може да ми даде шанса и дека ќе стигнеме до победи и избегнување на опасната зона“, изјави Димитриевски за „Радио Марка“.

Столе веќе е во Македонија каде со репрезентацијата се подготвува за натпреварите од Лигата на нации против Летонија и Ерменија