ВИДЕО: Столе дебитира во Примера со пораз, Валенсија го презеде „фенерот“

Фудбалерите на Валенсија загубија на гостувањето кај Ваљадолид (1-0) во 17. коло на шпанската Примера. 

Ова беше официјално првенствено деби за македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски, а за жал не се радуваше на победа. Домашната екипа на „Хосе Зориља“ поведе по дваесет минути игра преку Ануар. 

Асот на Ваљадолид доби топка од Маркос Андре, излета сам пред голот на Димитриевски и го матира за 1-0. Во вториот дел домашните останаа и со човек помалку бидејќи Латаса доби директен црвен картон, а потоа Валенсија се обиде да дојде до израмнување ама не успеа. 

Ваљадолид стигна до 12 бода и ја прескокна Валенсија која сега е последнопласирана со десет.