ВИДЕО: Столе брилијантен, Рајо до три бода кај Виљареал

Екипата на Рајо Ваљекано забележа важна победа кај Виљареал на гостински терен (0-1) во рамки на 19-тата рунда во Примера и така пак се врати во игра за Европа.

Македонскиот голман Столе Димитриевски имаше фантастична ноќ и забележа неколку одбрани во овој значаен триумф. Една од нив беше двојна, во првото полувреме, кога фати два шута по ред на играчи на „жолтата подморница“.

Единствениот погодок на натпреварот на „Естади Сиутат де Валенсија“ падна во 70. минута, кога Камељо реализира по асистенција на Трељо и ги постави конечните 0-1 со кои Рајо се искачи на седмото место.

Рајо има 29 бода на контото во Примера, а во следната рунда е домаќин на Алмерија.

Состави

Quique Setien

4-1-4-1

    Андони Ираола

    4-2-3-1