• Саше Љолес
Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Нико Шлотербек, го продолжи договорот со германскиот бундеслигаш и ќе настапува на „Сигнал Идуна Парк“ до 2031 година.
26-годишниот Шлотербек пристигна кај „милионерите“ во 2022 година од редовите на Фрајбург и оттогаш одигра 155 натпревари во жолто-црниот дрес.
„Можеме да потврдиме дека постигнавме нов договор со Нико Шлотербек. Соработката беше потпишана на обострано задоволство“, стои во краткото соопштение на клубот.
Стоперот досега забележа учинок од 10 голови и 18 асистенции. За германската репрезентација има 25 настапи.



