Стојчевски во Жилина до 2026 година: Имам идеално место за прогрес

Македонскиот интернационалец Андреј Стојчевски останува во словачкиот клуб Жилина на долг рок. Двете страни постигнаа нов договор кој ќе трае до 31 декември, 2026 година.

У21-играчот на Македонија е еден од најстандардните играчи оваа сезона во дресот на словачкиот тим каде одигра 15 од 17 натпревари. Постигна и еден гол во нив, па така си доби нов договор.

„Среќен сум затоа што потпишав нов договор. Имам големи амбиции, верувам дека мојот прогрес во Жилина ќе продолжи и понатаму. Ги чекам новите предизвици. Одушевен сум од актуелната сезона, се наоѓаме во добра форма и се надевам ќе продолжиме така“, изјави Стојчевски.

Играчот е дел од Жилина две години. Стојчевски во Словачка пристигна од Академија Пандев, а претходно играше за Вардар.