Стојчевски по нов предизвик, се разделува со Работнички

Македонскиот дефанзивец Стојан Стојчевски во летниот преоден рок ќе бара нова средина, затоа што си заминува од редовите на Работнички каде ја мина изминатата сезона.

Стојчевски не го продолжи договорот со „романтичарите“, па како слободен фудбалер е во потрага на нов клуб. Веќе постои интерес за неговите услуги, како од домашни клубови, така и од странство, па до крајот на преодниот рок стоперот ќе одлучи каде ќе биде неговата следна станица,.

26-годишниот фудбалер ја почна кариерата во редовите на Вардар, а настапуваше и за Скопје, Хоризонт Турново, Тетекс, Љубанци, Силекс, Академија Пандев и Работнички.