Стојчевски ја засили одбраната на штипска Брегалница

Екипата на Брегалница Штип продолжи да се екипира за наредната сезона во Втората македонска фудбалска лига - Исток и донесе ново име во своите редови.

Се работи за стоперот Стојан Стојчевски, фудбалер со искуство во домашниот шампионат. 26-годишниот стопер ланската сезона ја мина во Работнички, а откако не се договори со „романтичарите“ за продолжување на соработката, потпиша со амбициозните штипјани.

Брегалница гради солиден тим, кој ќе има за задача в година да обезбеди место во Првата македонска фудбалска лига.  

26-годишниот фудбалер ја почна кариерата во редовите на Вардар, а настапуваше и за Скопје, Хоризонт Турново, Тетекс, Љубанци, Силекс, Академија Пандев и Работнички.