• Зоран Мишевски

Второлигашот Брера Струмица ги започна подготовките за новата сезона. На првата прозивка на Ѓорѓе Стојчев беа присутни сите фудбалери на кој стратегот ќе може да смета за време на подготовките, но и за новата сезона.
Подготовките струмичани ќе ги реализриаат дома, а планирани се шест контролни средби преку кои стручниот штаб ќе има можност да ја проверува формата. Во стручниот штаб на Стојчев влегува и Христи Бикоски, кој ќе работи како кондиционен тренер.
Новата сезона Брера Струмица ја стартува на домашен терен против Еуромилк Горно Лисиче.
