Стојановски: Во вистински момент од кариерата доаѓам во Шкендија

Влатко Стојановски

Македонскиот репрезентативец Влатко Стојановски наредната сезона ќе ја игра во дресот на Шкендија. Напаѓачот по три години се враќа во македонскиот шампионат и ќе го засили тимот од Тетово.

25-годишникот на претставувањето во новата екипа изјави дека доаѓа меѓу „црвено-црните“ во вистински момент од кариерата.

„Мислам дека ова е вистински момент во мојата кариера да дојдам во клуб како Шкендија, кој секогаш игра за титули и има големо искуство во европските натпреварувања. Во Шкендија ќе имам некои соиграчи со кои игравме заедно во репрезентацијата на Македонија, но има и други играчи кои се многу добри, така што мислам дека се создава многу добар тим со кој очекувам дека ќе освоиме доста титули“, изјави Стојановски.

Ланската сезона нашиот фудбалер ја мина во Горица, а претходно беше дел од француски Ним.