• Мартин Танасковски
Македонскиот напаѓач Георг Стојановски е пред нов предизвик во кариерата, откако договори трансфер во катарскиот Лусаил.
Според информациите, Стојановски ќе потпише тригодишен договор со клубот, но претходно треба успешно да ги мине задолжителните лекарски прегледи. Со овој трансфер, Стојановски ќе стане вториот фудбалер на Спартак Варна кој во последните години направил интернационален трансфер, по Ахмед Ахмедов.
Доколку договорот биде финализиран, македонскиот голгетер ќе настапува на стадионот „Лусаил“, кој остана запаметен како домаќин на спектакуларното финале на Светското првенство во 2022 година, кога Аргентина по пенали ја совлада Франција и ја освои светската титула предводена од Лионел Меси.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.


