Стојановски: Свесни сме што значи натпреварот, ќе се потрудиме да го победиме Косово (ВИДЕО)

Македонија ги започна подготовките пред средбата со Косово од плеј-офот за пласман на Европското првенство. Селекторот Ангеловски веќе прозиваше и одржа тренинг во Скопје, каде целиот тим е на куп освен Енис Барди кој вечерва ќе пристигне. 

Пред натпреварот, напаѓачот на Ним кој е позајмен во Шамбли, Влатко Стојановски призна дека играчите се свесни за можноста која овој натпревар ја нуди и ќе се потрудат да го победат ривалот.

„Од нас фудбалерите може да очекувате дека ќе го дадеме максимумот. Сите знаеме што значи овој натпревар, како за нас, така и за целата држава. Мислам дека ќе биде тешка средба, ама се надевам дека ќе го победиме Косово.

Имаме три дена и ќе ги анализираме нивните игри, па ќе ги дознаеме нивните добри и лоши страни. Ќе се потрудиме да ги искористиме нивните слабости, ќе го дадеме максимумот и со нашиот квалитет сакаме да ги победиме“, изјави Стојановски.

  • Комплетната изјава на Влатко Стојановски:

Средбата меѓу Македонија и Косово од полуфиналето од минатото издание на Лигата на нациите ќе се одигра на арената „Тодор Проески“ в четврток со почеток од 20:45 часот.