Стојановски со хет-трик го спаси клубот на Хаџиевски од испаѓање!

Македонскиот фудбалски интернационалец Гео Стојановски беше херој на Спартак Варна во чии редови тренер е неговиот дедо Ѓоко Хаџиевски, во рамки на последното коло на шампионатот на Бугарија.

Спартак Варна извојува клучна победа над Локо Софија со резултат 3-0, а човек на натпреварот беше Стојановски. Напаѓачот постигна хет-трик во мрежата на противникот, најважни погодоци сезонава затоа што Варна се спаси од испаѓање.

Бугарскиот тим избега од местото кое води директно во понизок ранг и е на првата безбедна позиција. Во битката за опстанок ги прескокна Берое кој испаѓа и тимот на Септември Софија кој ќе игра бараж.