• Горан Упале

Македонскиот фудбалски репрезентативец Влатко Стојановски го запиша својот гол-првенец во Хрватската фудбалска лига.
На дуелот меѓу Горица и Шибеник, нашиот напаѓач во игра влезе во 67. минута и му требаа само неколку секунди за да ја затресе противничката мрежа и да го израмни резултатот на 2-2. Поранешниот член на Ренова по одрлично двојно додавање со Да Круз биеше прецизно во гостинската мрежа и првпат се радува на погодок во хрватскиот шампионат.
- Голот на Стојановски против Шибеник:
Сепак, иако Македонецот погоди за израмнување, до крајот на натпреварот Шибеник успеа да ја скрши домашната одбрана и славеше со минимални 2-3.