Стојановски остана на клупата за резерви во победата на Ним над Ремс

По возбудливото попладневно дерби на кое Лион преку пресврт го совлада Бордо со 1-2, вечерва се одиграа уште пет натпревари од 20. коло на француската Лига 1, на кои гостите извојуваа две победи, два дуели завршија во полза на домаќините, а еден без победник. 

Најубедлив беше тимот на Брест, кој на гости кај Тулуз славеше со фантастични 2-5, иако по првиот дел имаше негатива од 2-1. Гостинска победа обезбеди и Монпелје на натпреварот против Амиенс (1-2), додека со голот на Боје минимален триумф од 1-0 славеше Мец против Стразбург. 

Нашиот репрезентативец Влатко Стојановски остана на клупата за резерви во победата на својата екипа Ним над Ремс (2-0), а единствениот натпревар без победник заврши меѓу екипите на Анжерс и Ница (1-1). 

Во рамки од 20. коло преостануваат уште три натпревари кои ќе се одиграат утре, а највозбудливо се очекува да биде на дербито меѓу ПСЖ и Монако.