Стојановски: Не покажавме карактер, извинување до сите навивачи на Пелистер!

Тренерот на битолски Пелистер, Милан Стојановски, го искажа своето разочарување после поразот од Шкендија Арачиново во Купот на Македонија (1-0), упатувајќи и извинување до сите верни навивачи. 

Пелистерци беа поразени со минимални 1-0, а тренерот Стојановски ветува многу подобри игри и позабележителни резултати во иднина. 

Очекував многу повеќе од овој натпревар, бидејќи добро ја одигравме контролката против Динамо. Иако беше пријателска, очекував победа. Сето она што го прикажаа момците во изминатите десет дена на тренинг, ми даваше надеж за позитивен резултат денес.

Меѓутоа, денес противникот беше борбена второлигашка екипа, а ние не одговоривме ниту со агресија, ниту со карактер. Игравме многу бавно и безидејно.

,Како тренер, им се извинувам на нашите навивачи за овој тежок пораз. Се надевам дека ова ќе биде една поука и поттик за сите нас, и дека ќе се насочиме кон првенството, кое е наш приоритет. Верувам дека ќе следуваат многу подобри партии“, рече Стојановски. 

Следен предизвик за Пелистер ќе биде прволигашкиот меч против Силекс во Кратово, кој ќе се одигра на 26 октомври.