• Мартин Танасковски
Екипата на Спартак Варна обезбеди директен опстанок во Ефбет лига, откако со убедливи 3-0 го совлада Локомотив Софија во клучниот натпревар од последното коло. Херој на тимот беше македонскиот напаѓач Георг Стојановски, кој постигна хет-трик и му донесе огромна радост на својот клуб. По натпреварот, Стојановски не го криеше воодушевувањето.
„Чувството е нереално, тешко е да го опишам. Го дадовме максимумот и заслужено дојдовме до ова. Имавме огромна желба и знаевме што треба да направиме за да победиме. Ова е прв хет-трик во мојата кариера и не можеше да дојде во подобар момент“, изјави Стојановски.
Задоволство по мечот изрази и тренерот Ѓоко Хаџиевски, кој успеа да го задржи тимот во елитата.
„Вредеше сè. Љубовта што ја добив од првиот ден никогаш нема да ја заборавам. Срцето ми е полно. Бог нè погледна и заслуживме да останеме во лигата. Беше тешко, имаше луѓе кои не веруваа, но навивачите имаат најголема заслуга“, порача искусниот македонски стратег.
Спартак Варна со трите бода во последното коло заврши во безбедната зона и следната сезона ќе игра елитен фудбал во Бугарија.




