• Горан Упале

Фудбалерите на Пелистер и Силекс ги поделија бодовите во Битола во последниот натпревар од 21 коло во ПМФЛ (0-0).
Битолчани имаа солидно издание во првото полувреме, но во продолжението гостите од Кратово беа поопасни и успеаја да воспостават поголема контрола на теренот. Сепак, мрежите мируваа до самиот крај и двата тима мораа да се задоволат со по еден бод.
По натпреварот, тренерот на Пелистер, Милан Стојановски, истакна дека неговиот тим платил данок за напорниот распоред и неодамнешниот тежок дуел против Шкендија.
„Во првото полувреме одигравме добро, но евидентно е дека тимот физички многу се истроши против Шкендија. Имавме само два дена за одмор и тоа се одрази на овој натпревар. Не е спорно дека Силекс има поквалитетен ростер и поширока клупа и тие замени ја направија разликата во вториот дел. Но, кога сè ќе се земе предвид, нерешениот резултат е најреалниот исход“, изјави Стојановски.
Со ова реми и двете екипи го продолжуваат првенството без значајна промена на табелата.





