Стојановски доби работна дозвола и тренира во полна пареа со Ним

Македонскиот интернационалец Влатко Стојановски ги реши сите административни проблеми во Франција и во целост е на располагање на новиот прволигаш Ним.

Стојановски, кој направи голем трансфер од редовите на Ренова во францускиот фудбал, имаше проблеми со работната дозвола, но откако истите се решија, тој се стави на располагање на тренерот на тимот.

Напаѓачот поради административните проблеми го пропушти првото коло против ПСЖ, но се очекува да има официјален настап веќе во наредното коло.

Влатко Стојановски заврши како најдобар стрелец во ПМФЛ за изминатата сезона, а авантурата во Франција е прва од интернационален карактер за него.