Стојанов прозиваше, Беласица ќе цели кон местата кои водат во ПМФЛ

Екипата на Беласица одигра одлично во есенскиот дел од сезоната во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ), а со тоа пораснаа и амбициите на тимот.

Струмичани денеска означија старт на зимските подготовки. На првата прозивка на шефот на стручниот штаб Панче Стојанов се појавија сите играчи меѓу кои и неколку играчи од младинскиот погон. Од клубот информираат дека овие денови ќе бидат промовирани неколку нови играчи кои ќе бидат освежување ростерот за пролетната полусезона.

Целта на Беласица останува иста оваа пролет – да се освои едно од местата кои што водат во Првата лига. На полусезона струмичкиот тим заврши на четвртата позиција со пет бода помалку од есенскиот шампион Охрид.