• Мартин Танасковски
Милан Стојановски го имаше дебито на клупата на Пелистер на ревијалниот дуел со Динамо Букурешт по повод 80. години на ФК Пелистер. „Зелените“ успеаја да слават со 2-0, а тренерот е задоволен од првичниот впечаток кој му го оставила екипата.
„За прв меч, ова беше едно големо искуство и за мене и за екипата. Можевме да видиме еден професионален фудбал и се надевам дека овој меч ќе им значи на сите играчи за продолжението од кариерите. Сепак, разликата меѓу Динамо Букурешт и Пелистер е огромна во квалитетот. Најважно е што немавме повреди и што се мина во најдобар можен ред. Динамо е голем клуб, одлична екипа, со одличен тренер и му посакувам среќа во иднина. Уште еднаш, благодарност затоа што прифатија да играме ваков меч. Овој дуел ми даде многу да видам како излгеда тимот и кои се играчите“, изјави Стојановски.
Следен меч во Првата лига за Пелистер ќе биде против Силекс, но тој ќе се игра по Локалните избори затоа што целото коло е одложено по препорака на МВР.

