Стојанчо Велинов има нов клуб во Бугарија

Македонскиот фудбалер Стојанчо Велинов ја промени средината во Бугарија и има нов клуб каде ќе ја продолжи кариерата.

34-годишникот се раздели со Черноморец Бургас и експресно најде нов тим. Потпиша договор со Несебар, најдобриот клуб во Втората лига на Бугарија кој брка промоција.

Велинов покрај за двата клуба во Бугарија играше и во Косово, а останатите клубови му беа во Македонија - Гостивар, Велешта, Осогово, Охрид, Брегалница, Брера, Работнички, Ренова, Силекс...

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.