• Горан Упале
Екипата на Македонија ЃП ги остави зад себе лошите резултати и со доаѓањето на Бобан Грнчаров на кормилото е во мини-серија од три кола без пораз во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).
Ѓорги Стоилов верува дека тој тренд ќе продолжи и дека „лавовите“ денес против Шкупи имаат сили за нови три бода на своето конто.
„Во добра серија сме. На последните три натпревари покажавме дека не сме екипа која што треба да се бори за испаѓање и дека зависи многу од тоа како ќе влеземе во натпреварот. Почит за Шкупи, но ние одиме по трите бода“, рече фудбалерот на Македонија ЃП.
Тимот од Ѓорче во последните три кола има две победи и едно реми, а Шкупи во овој натпревар влегува со пораз во претходното коло од Брегалница.