Стоичков со пушка ѝ се „закани“ на Рома: Отсекогаш сум сакал да ловам волци... (ФОТО)

Христо

Екипата на Рома вечерва ќе биде домаќин на бугарска ЦСКА Софија. Во пресрет на овој судир на социјалните мрежи се огласи легендарниот Христо Стоичков.

Прославениот напаѓач е голем фан на ЦСКА, па на необичен начин ѝ испрати поддршка пред денешниот меч на „Олимпико“. Тој сподели фотографија со пушка и напиша:

„Отсекогаш сум сакал да ловам волци. Многу среќа ЦСКА“.

Калчолигашот е голем фаворит за бодовите на дуелот со екипата од бугарската престолнина.