Стјепановиќ се сели во Србија, го засили белградски Рад

Поранешниот македонски репрезентативец, Остоја Стјепановиќ, откако не потпиша нова соработка со Македонија Ѓорче Петров донесе одлука својата кариера да ја продолжи во соседна Србија. 

Искусниот играч за врска во следната сезона ќе го носи дресот на Рад од Бањица, со кого потпиша договор на една сезона. 34-годишниот фудбалер во текот на својата кариера промени голем број на клубови.

Уште како младинец се пресели во академијата на Партизан, а потоа да ги носи дресовите на ОФК Белград и Чукарички, Вардар, Работнички, Славија од Сараево, Динамо од Врање...

За фудбалската репрезентација на Македонија дебитираше во 2012 година, и одигра 17 натпревари.