Стивен Џерард меѓу кандидатите за нов тренер на Барди во Трабзон

По заминувањето на Абдула Авчи, Трабзонспор, каде што настапува нашиот репрезентативец Енис Барди, е во потрага по нов тренер. Турските медиуми како кандидати ги споменуваат Славен Билиќ и Стивен Џерард.

Славен Билиќ минатата недела доби отказ од Вотфорд во Англија, а сега турските медиуми го споменуваат како кандидат за тренерската функција на турскиот шампион.

„Фанатик“ објави дека Билиќ е една од опциите заедно со Серген Јалчин, Чагдас Атан и Фатих Теке, додека „Карар“ утрово тврди дека Стивен Џерард веќе отпатувал во Истанбул за да разговара со претставниците на Трабзонспор.

„Карар“ пишува дека Трабзонспор овој месец ќе избере и нов претседател, а Ертугрул Доган повторно е во конкуренција за таа функција. Доколку победи, наводно сака да доведе англиски стратег, поради што Џерард е во предност.