• Иван Димовски

Екипата на Ајакс промовира големо засилување во пресрет на новата сезона. Во редовите на „копјаниците“ пристигна Стивен Бергвајн од таборот на Тотенхем.
24-годишното лево крило за нешто повеќе од 31 милион евра се сели во Амстердам. Бергвајн всушност беше дел од младинската школа на Ајакс. Откако првите чекори ги направи во Ватервијк, во далечнатат 2005 година на само осум години Бергвијн пристигна во Ајакс и настапуваше за младите тимови во следните шест сезони.
It’s time, kid.
— AFC Ajax (@AFCAjax) July 8, 2022
ПСВ беше тимот кој му даде шанса, Бергвајн се покажа и дебитираше во првиот тим, за во 2020 година да го направи трансферот на кариерата во Премиер лигата. Сепак, во Тотенхем холандското крило беше главно резервист, а понудата од Ајакс лесно ја прифати. Со „копјаниците“, Бергвајн парафира соработка до 2027 година.
Ајакс го комплетира најскапиот трансфер во холандскиот фудбал со доаѓањето на Бергвајн. Клубот го подобри својот рекорд при аквизицијата на Себастијан Але.
Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.