• Горан Упале
Фудбалскиот клуб Лестер го назначи Стив Купер за нов менаџер. Купер потпиша тригодишен договор со „лисиците“, кои експресно се вратија во Премиер лигата.
Тој е без работа откако беше отпуштен од Нотингем Форест во декември.
„Навистина сум возбуден и горд што сум назначен за менаџер на Лестер. Ова е фантастичен клуб со богата историја, со страсни навивачи. Возбуден сум што работам со таков талентиран тим и со нетрпение го очекувам предизвикот и остварувањето на нашите заеднички амбиции во Премиер лигата“, изјави Купер.
Лестер бараше тренер откако Енцо Мареска го напушти клубот на почетокот на месецот и го презеде Челзи. Мареска на клупата на Лестер седна на почетокот на минатата сезона и го предводеше клубот до шампионската титула во Чемпионшип и директна промоција во Премиер лигата.