ВИДЕО: Стевковски ги одбрани „лавовите“, празно реми во Ѓорче Петров

Македонија ЃП и Брегалница Штип одиграа без голови во последниот меч од 15. коло во Првата македонска фудбалска лига. Домашниот голман Христијан Стевковски се истакна со неколку интервенции и беше главен виновник за нерешениот резултат.

„Лавовите“ имаа теренска иницијатива, но беа без вистинска шанса за погодок. Судијата Игор Иванов имаше доста работа на почетокот. Фудбалерите направија голем број прекршоци, поради што играта често беше во прекин. Инфериорноста не ги спречи штипјани да се изборат за најголемата шанса по 24 минути игра. Милан Џокиќ имаше среќа и стигна до топката, па биеше со левата нога, но ударот заврши во ногата на голманот Христијан Стевковски. Домашниот чувар на мрежата одново беше во центарот на вниманието неколку моменти подоцна, кога по вторпат спречи обид на српскиот напаѓач од гостинскиот табор да го отвори резултатот. Ништо не се промени до крајот на полувремето. Двата тренери се одлучија за претпазлива тактика, па тоа не донесе голови и возбудувања во воведниот дел.

Брегалница ја имаше првата голема шанса и во второто полувреме. По еден слободен удар од опасната зона, Себастиан Херера шутираше директно во противничкиот голман, кој при интервенцијата се повреди. Како и на првото сезонско соочување меѓу овие два тима, се играше без ризик, па тоа не донесе убава глетка за публиката. Мечот заврши без голови, со оглед на тоа што актерите немаа доволно креативност да го одлучат дуелот во завршницата.

Македонија ЃП и Брегалница ги задржаа своите позиции на табелата. Струга Трим Љум е лидер пред Шкупи, Шкендија и Силекс.