ВИДЕО: Стевановиќ го сруши Рад, шампионот едвај до победа во Суботица

По ремито во Крушевац и безболниот пораз во Малатија, белградски Партизан им се врати на победите во ЛингЛонг шампионатот на Србија. Во неделното градско дерби од петтото коло „црно-белите“ го совладаа Рад со 3-0 (1-0) со два гола на Филип Стевановиќ.

Лидерот и шампион Црвена Звезда славеше во Суботица со 2-3 и го задржа максималниот ефект. То Мане во 85. минута го постигна голот за победа на „црвено-белите“.

Двата лидери Војводина и Бачка играа без победник 2-2, а прва победа запиша Вождовац на Марко Ѓорѓиевски (влезе во игра во 58. минута), совладувајќи го Јавор со 1-0.

  • Партизан - Рад 3-0: 

  • Спартак Суботица - Црвена Звезда 2-3: 

  • Војводина - Бачка 2-2: 

  • Вождовац - Јавор 1-0: 

Војводина и Бачка се лидери на табелата со 13 бода од пет одиграни натпревари, а зад нив е Црвена Звезда со 12 бода и натпревар помалку.