• Саше Љолес
Црногорскиот репрезентативец и капитен, Стеван Јоветиќ, официјално ја продолжува кариерата во кипарскиот клуб, Омонија.
Јоветиќ тренираше со тимот на Будуќност, но се договори со тимот од Никозија и се очекува да биде големо засилување за тимот. Се споменуваше и евентуален трансфер во Ријека, но сепак се одлучи за Кипар, каде ќе настапува првпат во кариерата.
34-годишниот фуудбалер претходно ги бранеше боите на повеќе европски клубови, а најзвучни имиња се секако Манчестер Сити, Интер, Монако, Севиља, Херта Берлин и Олимпијакос.