Стерлинг се враќа и ќе го доигра СП 2022

Рахим Стерлинг го напушти кампот на репрезентацијата на Англија, поради грабеж кој се случил во неговиот дом. Офанзивецот на англискиот тим се врати за да биде покрај најблиските. Неколку дена по инцидентот, 28-годишникот тргна назад кон Катар и ќе биде на располагање на Герет Саутгејт до крајот на турнирот.

Стерлинг ангажира дополнително обезбедување по грабежот во неговиот дом и не сакаше да ја напушти земјата, додека не биде сигурен дека семејството е во сигурни раце. Саутгејт допрва ќе треба да направи проценка дали тој е подготвен да биде дел од тимот на натпреварот против светскиот шампион Франција во четвртфиналната фаза.

Напаѓачот на Челзи, кој има 20 гола во 81 натпревар, не можеше да учествува на никакви подготовки оваа недела и помина низ тешки искушенија.