Стерлинг им се извини на судиите и на противниците за срамната симулација

Рахим Стерлинг беше предмет на сериозни критики заради симулација на вчерашниот натпревар од Лигата на шампионите против Шахтјор. Англичанецот се извини за непостоечкиот пенал кој го изнуди.

Стерлинг сам падна на земја, откако се сопна од тревата, а судијата Виктор Касаи од Унгарија подлегна на трикот и покажа на белата точка. Англичанецот по натпреварот му се извини на судијата и на Шахтјор, но Гвардиола смета дека мораше тоа да го направи на теренот, а не по завршувањето на натпреварот.

„Се обидов да ја шутнам топката и едноставно не знаев што се случи потоа. Се свртев и мислев дека е има контакт со некој од противничките фудбалери. Жалам што се случи ова, им извинувам и на судијата и на гостите“, изјави Стерлинг.

Манчестер Сити го совлада Шахјор со 6-0 и се квалификува за осминафиналето на Лигата на шампионите.