• Зоран Мишевски

Англискиот фудбалер Рахим Стерлинг вечерва се врати во Англија од Светското првенство, откако вооружени разбојници упаднаа во неговата куќа. Како што објавиja британските медиуми, вооружени разбојници влегле во куќата на Стерлинг додека неговото семејство било дома и фудбалерот се вратил во Англија од Катар, загрижен за нивната благосостојба.
Фудбалскиот сојуз на Англија пред вечерашниот натпревар против Сенегал соопшти дека Стерлинг се враќа во земјата поради семејни работи. Селекторот на Англија, Герет Саутгејт изјави дека не е сигурен дали Стерлинг ќе се врати во таборот на репрезентацијата до крајот на Мундијалот. „Би-Би-Си“ изјави дека Стерлинг ќе има можност да се врати во тимот доколку дозволат околностите.
Англија го совлада Сенегал со 3-0 и обезбеди четвртфинале против Франција следната сабота во 20:00 часот.