Стефани Фрапaр прва жена која ќе го суди финалето на Купот на Франција

На повидок е револуционерна промена во францускиот фудбал. Судијката Стефани Фрапар е назначена за главен судија на финалниот натпревар од Купот на Франција меѓу Нант и Ница.

Фрапар претходно судеше машки финалиња и беше главен судија на натпреварот од Суперкупот на УЕФА во 2019 година помеѓу Челзи и Ливерпул.

Стефани ќе биде првата жена што суди во финалето на Купот на Франција. Натпреварот меѓу Нант и Ница ќе се одигра на „Стад де Франс“ во Париз на седми мај. Фрапар ќе виде дел од судиите кои ќе ги судат натпреварите на Европското првенство за жени, на кое ќе суди и нашата Ива Пројковски.

Турнирот во Велика Британија ќе се одржи од 6 до 31 јули во Англија.