• Мартин Танасковски
Македонскиот репрезентативец Стефан Спировски во наредниот период ќе бара нов клуб затоа што се раздели со израелски Хапоел Тел Авив.
29-годишниот играч од средниот ред имаше договор со тимот до крајот на сезоната, но дојде до предвремен раскин поради пандемијата со коронавирусот. Фудбалот не се знае дали ќе продолжи, а двете страни решија спогодбено да ја прекинат соработката.
Битолчанецот беше важен дел од составот на Хапоел, а на 14 натпревари успеа да постигне четири гола. Спировски во Хапоел мина една сезона, oткако унгарската лига ја замени со израелската. Пред да пристигне во Израел, Спировски настапуваше за Ференцварош, Вардар, Берое, Работнички, Борац Чачак и Пелистер.
За македонската фудбалска репрезентација е стандарден во последните неколку години и собра 31 настап за дресот со државниот грб.